Музички стихови: Уникатноста на видовите – Ју Ту (Original of The Species – U2)

Стиховите за песната „Уникатноста на видовите“ (Original of Species) на Ју Ту се напишани од вокалистот Боно, а се однесуваат на ќерката на Еџ, гитаристот на бендот. Во врска со овој текст Еџ вели:

„Последен пат сум плачел кога ја слушнав оваа песна. Боно ја напиша за ќерка ми Холи. Тој ѝ е кум. Стиховите станаа универзални, за тоа како е да се биде млад и полн со сомнеж во себе“.

Музички стихови: Уникатноста на видовите – Ју Ту (Original of The Species – U2)

Следува целиот текст.

 

Полека душо,

крајот не е толку интересен како почетокот

те молам остани дете некаде во твоето срце

 

Ќе ти дадам сè што сакаш

освен она што го сакаш

ти си прва од твојот вид

 

Создаваш чувство како никој пред тебе

ми се вовлекуваш под кожа

на колена сум затоа што ми требаш уште малку

сакам многу од тоа што го имаш

и не сакам ништо од тоа што не си

 

Кажувај го тоа гласно каде и да одиш

не треба да се срамиш од тоа

 

Немој да бидеш премногу добра во некои работи

како смеење, плачење и брзање,

некои луѓе имаат премногу самодоверба дете…

 

Ќе ти дадам сè што сакаш

освен она што го сакаш

ти си прва од твојот вид

 

Создаваш чувство како никој пред тебе

ми се вовлекуваш под кожа

на колена сум затоа што ми требаш уште малку

сакам многу од тоа што го имаш

и не сакам ништо од тоа што не си

 

Кажувај го тоа гласно каде и да одиш

не треба да се срамиш од тоа

ајде мило, покажи си ја душата

твојата љубов била долго под контрола

 

Кажувај го тоа гласно каде и да одиш

не треба да се срамиш од тоа

кажувај го тоа гласно каде и да одиш

 

Создаваш чувство како никој пред тебе

ми се вовлекуваш под кожа

на колена сум затоа што ми требаш уште малку

сакам многу од тоа што го имаш

и не сакам ништо од тоа што не си



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар