Музички стихови: Разбудете ме – Авичи (Wake Me Up – Avicii)

Музички стихови: Разбудете ме – Авичи (Wake Me Up – Avicii)

„Разбудете ме“ на шведскиот диџеј Авичи (Wake Me Up) веројатно ќе остане како една од химните на летото 2013. Покрај заразниот и лесен ритам, таа има и одличен текст во кој се пее за младешкиот дух кој трага по смисла во животот, одбивајќи да се покори на притисоците од „попаметната“ околина.

Музички стихови: Разбудете ме – Авичи (Wake Me Up – Avicii)

Чувствувам како го пробивам својот пат низ темнината

Воден од срцето што чука

Не знам каде ќе заврши мојот пат

Но знам каде започнува

Ми велат дека сум бил премногу млад за да разберам

Дека сум бил заробен во мојот сон

Дека животот ќе ми поминел залудно ако не ги отворам очите

Ама мене тоа не ми е проблем

 

Разбудете ме кога сè ќе заврши

Кога ќе бидам помудар и постар

Цело ова време се пронаоѓав себеси

А не знаев дека сум бил изгубен

 

Се обидов да го носам сиот товар на овој свет

Но имам само две раце

Се надевам дека ќе имам шанса да го пропатувам светот

Иако сега немам планови

Посакувам да можев засекогаш да останам олку млад

Без страв да ги затворам очите

Животот е игра наменета за секого

А љубовта е наградата

 

Разбудете ме кога сè ќе заврши

Кога ќе бидам помудар и постар

Цело ова време се пронаоѓав себеси

А не знаев дека сум бил изгубен

 



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар