Музички стихови: Ние – Заз (On Ira – Zaz)

Не само што песните на Заз секогаш се со лесен и заразен ритам, туку имаат и одлични текстови кои претставуваат мирен и тивок бунт против ирационалноста на денешното општество. Стиховите кои таа ги пее секогаш изобилуваат со космополитизам и се осврнуваат на убавата страна на опкружувањето.

Во продолжение следуваат стиховите од нејзиниот хит „Ние“ (On Ira) и видеото од песната во кои ги воспева различностите на овој свет. Прочитајте ја, видете ја и слушнете ја разиграната и харизматична Французинка како ви ја сервира убавата страна на животот.Музички стихови: Ние – Заз (On Ira – Zaz)Некои ќе го наслушнуваат Харлем на работ на Менхетн
некои ќе прават чај крај пазарите во Аман
некои ќе пливаат во водите на Сенегал
а некои ќе го гледаат Бомбај како блеска под Бенгалскиот оган

Некои ќе се обидат да го дофатат небото над Кјото
некои ќе го почувствуваат биењето на срцето на Рио де Жанеиро
некои ќе го свртат погледот кон таванот на Сикстинската капела
а некои ќе наздравуваат во Кафе Пушкин

О, колку среќа имаме
што човештвото е обоено во илјадници бои
кои ги споделуваме преку нашите различности
на крстосницата каде што судбините се среќаваат

Вие сте ѕвездите а ние сме вселената
вие сте зрно песок а ние сме пустината
вие сте илјадници реченици а јас сум моливот што ги пишува

Вие сте хоризонтот а ние сме морето
вие сте годишните времиња а ние сме земјата
вие сте брегот а јас сум пената што ја создава морето

Некои ќе речат дека поетите немаат националност
некои ќе направат веселба во чест на пар херои
некои ќе знаат дека децата се чувари на душата
и дека има онолку кралици колку што има и жени

Некои ќе речат дека запознавањето нови луѓе е најубавото патување
некои ќе сфатат дека го заслужуваат само она што го споделуваат
некои ќе слушаат музика од далечни земји
и ќе го дадат најдоброто од себе

О, колку среќа имаме
што човештвото е обоено во илјадници бои
кои ги споделуваме преку нашите различности
на крстосницата каде што судбините се среќаваат

Вие сте ѕвездите а ние сме вселената
вие сте зрно песок а ние сме пустината
вие сте илјадници реченици а јас сум моливот што ги пишува

Вие сте хоризонтот а ние сме морето
вие сте годишните времиња а ние сме земјата
вие сте брегот е јас сум пената што ја создава морето

Вие сте ѕвездите а ние сме вселената
вие сте зрно песок а ние сме пустината
вие сте илјадници реченици а јас сум моливот што ги пишува

Вие сте хоризонтот а ние сме морето
вие сте годишните времиња а ние сме земјата
вие сте брегот е јас сум пената што ја создава морето



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар