Музички стихови: Кога ќе ја пуштиш да си замине – Песинџер (Let Her Go – Passenger)

„Кога ќе ја пуштиш да си замине“ (Let Her Go) е првиот светски познат хит на британскиот изведувач Мајк Розенберг, кој настапува под уметничкото име Песинџер. Стиховите на неговата песна, според него, имаат две различни значења.

„Првото е буквално затоа што ја напишав веднаш по едно раскинување и се однесува на тоа да ја пуштиш да си замине од тебе. Но овде има и нешто поголемо и повеќе се однесува на тоа како е да не знаеш кого си имал покрај себе сè додека не си замине и мислам дека секој може да се пронајде во тоа“, вели тој.

Музички стихови: Кога ќе ја пуштиш да си замине – Песинџер (Let Her Go – Passenger)

Светлината ти е потребна само кога полека ја снемува

сонцето ти недостига дури кога ќе почне да снежи

а ќе сфатиш дека ја сакаш дури кога ќе ја пуштиш да си замине

 

Сфаќаш дека ти било убаво дури кога веќе не ти е

го мразиш патувањето кога ти фали домот

а ќе сфатиш дека ја сакаш дури кога ќе ја пуштиш да си оди

и пак ја пушташ да си замине

 

Гледајќи во дното на чашата

се надеваш дека еден ден ќе го живееш својот сон

но соништата бавно се остваруваат и брзо се распаѓаат

 

Ја гледаш неа кога ги затвораш очите

можеби еден ден ќе разбереш зошто

се распаѓа сè што ќе допреш

 

Сепак светлината ти е потребна само кога полека ја снемува

сонцето ти недостига дури кога ќе почне да снежи

а ќе сфатиш дека ја сакаш дури кога ќе ја пуштиш да си замине

 

Знаеш дека ти било убаво само кога веќе не ти е

го мразиш патувањето кога ти фали домот

а ќе сфатиш дека ја сакаш дури кога ќе ја пуштиш да си оди

 

Гледајќи во таванот во темнината

во срцето го имаш истото она чувство на празнина

затоа што љубовта доаѓа бавно но заминува брзо

 

Ја гледаш кога ќе заспиеш

но не можеш да ја допреш ниту да ја оживееш

затоа што си ја сакал премногу

и премногу силно си нурнал во чувствата

 

Светлината ти е потребна само кога полека ја снемува

сонцето ти недостига дури кога ќе почне да снежи

а ќе сфатиш дека ја сакаш дури кога ќе ја пуштиш да си замине

 

Знаеш дека ти било убаво само кога веќе не ти е

го мразиш патувањето кога ти фали домот

а ќе сфатиш дека ја сакаш дури кога ќе ја пуштиш да си оди

и пак ја пушташ да си замине



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. јас Reply

    Прекрасна песна се ежам секогаш кога ќе ја слушнам.Омилена песна ми е.Просто песнава е неверојатна

  2. ана Reply

    Мн. ја сакам рубрикава музички стихови бидејќи песните се по мој стил :)

Остави коментар