Музички спотови синхронизирани со различни музички жанрови

Енди Рехфелт е музичар од Лос Анџелес кој сè уште не успеал да стане голема рок ѕвезда, но благодарение на Јутјуб веќе има некаква публика. Тој е особено интересен поради тоа што поинаку ги замислува големите музички хитови, па во слободно време прави интересни ремикси со кои песните ги сместува во поинаков музички жанр.Музички спотови синхронизирани со различни музички жанровиСè што треба да направи е на видео со некој светски познат хит да му додаде преработена верзија на истата песна и сето тоа добро да го синхронизира. Тој ги преработува вокалите и ги реаранжира инструментите, кои самиот ги свири. Па така, може рапот да го претвори во ска, поп музиката во хеви метал, а хеви металот во боса нова. И навистина, овие видеа изгледаат многу интересно.

Whiz Khalifa – Black and Yellow (ска)

Nirvana – Smells Like Teen Spirit (реге)

Carly Rae Jepsen – Call Me Maybe (метал)

Judas Priest – You’ve Got Another Thing Coming (боса нова)

Chris Brown ft. Busta Rhymes – Look at Me Now (полка)

Far East movement – Like a G6 (кантри)

Green Day – Basket Case (смут џез)

Paul McCarthney – Eleanor Rigby (метал)

Iron Maiden – The Trooper (боса нова)

AC/DC – Back in Black (фанк)



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар