Музичка плејлиста за сите оние кои нема да го прославуваат Денот на вљубените

Иако не станува збор за празник од нашата традиција и култура, сепак многумина го прославуваат. Љубовните парови прават посебни планови и си купуваат подароци, децата си праќаат љубовни писменца на училиште, а продавниците се исполнети со производи во духот на овој љубовен празник. Сепак, сите луѓе имаат различно мислење за овој ден. Некои решаваат целосно да го игнорираат, други решаваат да го прослават Свети Трифун наместо Денот на вљубените заедно со друштво и вино, а трети остануваат дома и се самосожалуваат поради тоа што никој не ги поканил на љубовен состанок.

Музичка плејлиста за сите оние кои нема да го прославуваат Денот на вљубените

Доколку сте од оние кои сметаат дека овој празник е глупав, веројатно ќе останете дома и ќе гледате филмови или ќе објавувате Фејсбук статуси во кои ќе ги исмевате сите вљубени кои бесрамно ви ја „фрлаат“ нивната љубов во лице. Слободно можете да го правите тоа, а уште поголема инспирација ќе добиете ако ја слушате вистинската музика. Оваа музичка плејлиста не ги прославува среќните парови и нивната љубов, туку сингл животот, скршеното срце и силата да се продолжи понатаму. Вклучете ги звучниците до максимум и подгответе се за емоционален ролеркостер со следниве 10 песни…

1. Meghan Trainor – „Me Too“


Треба да се сакате себеси без разлика дали сте сингл или во врска за Денот на вљубените. Оваа песна ќе ве потсети токму на тоа!

2. Beyoncé – „Sorry “


Како треба да се чувствувате поради тоа што сте сингл за Денот на вљубените? Повторувајте по Бијонсе: „Не ми е жал“.

3. Katy Perry – „Wide Awake“


Оваа песна совршено го отсликува чувството што се јавува по лошото раскинување. Сигурно ќе се пронајдете и ќе се почувствувате среќни што конечно сте се ослободиле од токсичната личност во вашиот живот.

4. Katy Perry – „Roar“


Оваа песна можеби веќе ви станала здодевна, бидејќи навистина многу се „вртеше“ по сите радиостаници и телевизиски канали, но мора да признаете дека секогаш кога ќе ја чуете се чувствувате моќни и непобедливи!

Продолжете на следната страница за останатите песни…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Христијанул Reply

    Жално е што сите овие предлози се презентирани од така наречениот “Поп-уларен” жанр, понекогаш одгледите не би требало да се најзастапени во Мејнстрим културата, поздрав.

Остави коментар