Македонците ги воодушевија судиите на X фактор!

Вчеравечер втората фаза во „Куќите на судиите“ помина доста возбудливо. Жељко Јоксимовиќ и Кристина Ковач имаа тешка задача како ментори, да одберат по три најдобри кандидати од својата група, кои повторно ќе ги гледаме на настапите во живо, во јануари, 2014 година. На Жељко помош околу изборот му даде пејачот Тони Цетински, а Кристина ја поддржуваше пејачката Леонтина Вукомановиќ.

Македонците ги воодушевија судиите на X фактор

После макотрпното размислување, судиите ги одбраа своите фаворити. Во групата на Жељко „Постари од 27“, во наредната рунда се пласираа Младен Лукиќ, Маја Новаковиќ и нашата гордост Даниел Кајмакоски.

Од друга страна, во групата на Кристина „Бендови“, во понатамошно натпреварување се пласира женскиот бенд 4U, машкиот бенд Doktori и нашата Фифи во дуетот со Маринела, под назив H20.

Даниел уште еднаш докажа зошто е еден од фаворитите за победник во Х фактор Адриа. Суперталентираниот Македонец, откако го отпеа хитот на Бруно Марс „When I Was Your Man“, ги воодушеви Жељко и Тони, кои му рекоа дека е фантастичен. Откако си замина Жељко му наведе на Тони дека Даниел поседува светски Х фактор!

Убав настап кај Кристина и Леонтина имаа и Фифи и Маринела Џогани, кои во дует ја изведоа нумерата „I Was Here“ од Бијонсе. „Нивната енергија супер се согласува“ – јасно кажа Кристина.

Младен Лукиќ

Маја Новаковиќ

4U (Лана Шојиќ, Теодора Спаравало, Катарина Манојловиќ и Вања Мишиќ)

Доктори (Армин Маликиќ, Предраг Антиќ, Марко Балабановиќ, Урош Туркулов)

Урош Туркулов, кој е во составот на групата, е роден Штип, а живее во Нови Сад.

За жал, македонските браќа Иван и Кико не успеаја да продолжат понатаму. Според Кристина нив им недостасува искуство и не е сигурна дека тие поседуваат X фактор. Сепак, сè уште не е сè изгубено, бидејќи до 7 јануари кога ќе започнат настапите во живо, публиката има можност во шоуто да врати еден од испаднатите кандидати, па да се надеваме дека ќе се одлучи за браќата Раденови. Погледнете го и нивниот настап.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар