Лана Дел Реј – ѕвезда во подем

Автор: Ели Радеска

Лана Дел Реј (Lana Del Rey) е уметничкото име на американската пејачка и текстописец Елизабет Грант, која сама си го стави прекарот Ненси Синатра.Ѕвезда во подем – Лана Дел РејРодена е на 21 јуни 1986 во Лејк Плејсид, Њујорк и потекнува од богато семејство. Токму поради оваа причина често е мета на критичарите и на злите усти, кои велат дека е позната само поради луѓето кои се платени да стојат зад неа, како продуценти, стилисти, текстописци и слично. Сепак, добрата музика и добриот глас се очигледни и впечатливи, а тоа се нештата кои се најмногу важни и се ценат во светот на музиката. Таа изјавува дека најголеми влијанија врз нејзината музика имаат Бритни Спирс, Елвис Присли и Курт Кобејн.Ѕвезда во подем – Лана Дел РејКакви и да се вашите претпоставки за неа, таа сепак не изгледа како сите оние размазени и богати ѕвезди, барем не на сцената. Во нејзините спотови, таа не се расфрла со гламур и сјај, туку нуди несекојдневни, интригантни сцени кои ќе ве натераат да размислите подобро. Нејзината музика навистина отскокнува од денешните стандарди, и се разликува од сè друго што е моментално актуелно во светот на музиката.

Лана, пред сè, негува имиџ на женствена, но и трагична дива од ’60-те, што честопати е збунувачко бидејќи тоа е несекојдневно и невообичаено за денешната музичка сцена.Ѕвезда во подем – Лана Дел РејНејзината кариера започна најпрво во 2008, кога Лана Дел Реј издаде мини-албум (ЕР) со три синглови, насловен како Лизи Грант, што е всушност кратенка од нејзиното вистинско име. Во јануари, 2010 конечно ја реализираше целосната верзија од албумот, наречен „Lana Del Rey A.K.A. Lizzy Grant“, кој подоцна го повлече од Ајтјунс, поради несигурни причини, но веројатно со стратешка цел. Ова беше проследено и со бришење на нејзиниот официјален веб-сајт, како и профилите на социјалните мрежи, за подоцна целосно да си го ребрендира своето име на интернет.

Она што ù донесе најголем успех е синглот „Video Games“ од 2011.


„Ја ставив оваа песна на интернет пред неколку месеци зашто ми беше омилена. Да бидам искрена, не очекував да стане хит, но луѓето навистина ја засакаа. Јас сум тажна кога ја пеам таа песна. Понекогаш плачам кога ја пеам“ – изјави таа.

Во декември истата година излезе видео записот за „Born to die“ кој е нејзина идеја и замисла.

До крајот на 2011 следуваат настапи во „MTV Push“, „Bowery Ballroom“ и на други шоуа. Во 2011 се закити со две мошне важни награди, една на „Q Awards“, наградата „Q’s Next Big Thing“ и наградата за интернационален изведувач во подем на Британските музички награди.

Во јануари оваа година официјално беше објавен албумот кој го носи името на втората водечка песна „Born to die“.

На 14-ти јануари настапи во „Saturday Night Live“, што ù донесе навистина измешани позитивни и негативни критики.

Она што со сигурност го знаеме како нејзин следен проект е повторното откупување на правата од првиот албум и негова преработка и реализација ова лето.Ѕвезда во подем – Лана Дел РејИ покрај критиките за нејзините настапи во живо, што најверојатно се последица на недоволното искуство, оваа девојка има нешто во себе што ќе ве натера макар за момент да уживате во нејзината музика. На моменти ќе ја сакате, а на моменти може и да ви биде здодевна, зависно од тоа колку сте подготвени да поднесете нешто несекојдневно. Она што таа сака да го остави како впечаток е природниот изглед, намерно не ставајќи акцент на нејзините усни и трепки, иако всушност нејзината вистинската цел е да ги истакне, оставајќи впечаток на дама од минатиот век.

На некои им се допаѓа тоа што нејзината музика е различна, други, пак, ја гледаат како морничава и несекојдневна, но едно е факт, девојката има талент кој вреди да се чуе. Целиот тој по малку морничав и трагичен имиџ од ’60-те е всушност нејзиниот уметнички стил кој е доволно интригантен да го привлече вашето внимание.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Ивана Reply

    Одличен пост! :) Ја обожавам Lana del Ray, девојката е совршена!

  2. Јасничка Reply

    многу е убава, и добри песни има, само не ми се допаѓа како пее во живо, многу е здрвена, како постојано да има трема

  3. ivana Reply

    ne si go stavi sama prekarot nensi sinatra, tuku “gangsta Nancy Sinatra”… cisto kako kritika mozete da pishete kako se osekjate vie koa gi slushate pesnite, a ne da prepishuvate od wikipedia i random intervjua…

    Inache mene mnogu me bendisuva, glasot i e mornicav i seksi istovremeno, nemozesh da slushnesh ‘born to die’, a da ne se potsetish na nekoja bifsha ljubov… tolku custva, a tolku ladni mrtvi oci. se nadevam deka nema da se potroshi posle samo eden album…

    • Elii Reply

      Ти благодарам за заинтересираноста за овој пост, да, и мене многу ми се допаѓа девојката, затоа се одлучив да напишам еден ваков текст. Нормално, за одредени податоци, како датуми, места и награди, ни треба помош и секако, да се осигураме во вистинитоста на истите :) додека ја пишував критиката, навистина беше малку тешко да не бидам пристрасна и да не завземам страни, но ете некако останавме неутрални, мора да е така бидејќи и мислењата на читателите како за секоја тема, така и за оваа се поделени :) се надевам ти се допаднаа песните во прилог на постот, ете една од нив претпоставувам ти е меѓу омилените, бидејќи веќе ја спомна :) се согласувам со тебе, да се надеваме дека тука нема да прекине со нејзината музика :)

  4. Антонио Reply

    Одлична статија! Јас преведив на Википедија за Лана Дел Реј, од таму е преземено и многу ми е мило!

Остави коментар