Кети Пери со емотивен и ексцентричен спот за „Unconditionally“

Поп ѕвездата Кети Пери неодамна го објави видеото со стихови за втората песна од албумот „Prism“, насловена „Unconditionally“. Станува збор за емотивна балада, која ѝ е омилена на Кети од новиот албум и е инспирирана од нејзината моментална љубов, музичарот Џон Мајер, како и од нејзиното патување во Мадагаскар преку УНИЦЕФ, кое го променило нејзиниот живот.

Погледнете го спотот и обидете се да не се заљубите.


Песната е едноставна порака за тоа како да се сака некој и да се прифати онаков каков што е и дека не треба да се плашиме, бидејќи на крајот на краиштата, сите имаме свој „багаж“. Секој има свои мани и никогаш никој нема да биде совршен, и доколку го прифатиме и сфатиме тоа, особено во љубовните врски, оставаме простор за развој на вистинска и искрена љубов.“ – вели Кети

Кети Пери со емотивен и ексцентричен спот за „Unconditionally“Интересно е тоа што во видео записот, навидум гледаме разголени маж и жена, кои силно се љубат и меѓусебно си ги изразуваат длабоките емоции и болката којашто ја чувствуваат. Сепак, во спотот всушност нема маж, туку се две жени. Лево е Ерика Линдер, која во животот работи и како машка и како женска моделка и Џанел Ширтклиф – моделката од десната страна, која ја „пее“ песната. Станува очигледно дека во спотот се две жени дури на крајот од видеото, кога се наѕира градниот кош на Ерика Линдер.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар