Каде да најдете добра топ листа на најдобрите хитови?

Каде да најдете добра топ листа на најдобрите хитови?

Добро склопена и реална топ листа на најдобрите хитови за измината недела е многу тешко да се најде, особено поради фактот што секој веб-сајт си има своја политика на градење на истата. Овие два веб-сајта, нудат одлични топ листи, склопени според мислењето на публиката, но притоа се употребуваат различни методи на истражување и докажување на популарноста на песната или изведувачот.

Каде да најдете добра топ листа на најдобрите хитови?
Билборд“ е веб-сајт кој официјално беше пуштен во 1995 година во Њујорк и моментално е еден од најдобрите меѓу оние кои својата работа ја насочуваат кон музиката. Месечно тој е посетуван од преку 4 милиони посетители кои доаѓаат од 100 различни земји. Својата база со информации, сајтот ја гради врз трендови и иновации, информации за артисти, организатори на турнеи, продуценти, радио водители и многу други лица кои работат на полето на музиката. Нивната топ листа на 10 најпопуларни хитови се гради според обемот на продажбата на албумот или песната и според тоа колку тие се вртат по радио станиците низ светот.

Каде да најдете добра топ листа на најдобрите хитови? - bilbord.com
Ултимејтчарт“ е веб-сајт лансиран во јули оваа година и својата работа строго ја посветува на градење совршена топ листа на песни и артисти. Листата ја градат според популарноста на песната и авторот на Јутјуб, Фејсбук, Твитер, Ајтјунс, Мајспејс, Емтиви и други слични сервиси, сајтови и социјални мрежи.

Каде да најдете добра топ листа на најдобрите хитови? - ultimatechart.com
Интересно е тоа што, осум од десетте песни на двете топ листи секогаш се поклопуваат, ама првото место многу ретко им е исто.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар