Искрена музичка плејлиста: Што слуша секогаш насмеаната Дани за да добие инспирација?

Искрена музичка плејлиста: Што слуша секогаш насмеаната Дани за да добие инспирација?

Дани Димитровска повеќе пати ни докажа дека е најдобра, а сега ни открива и каква е таа во суштина. Искрена, природна, ненаметлива, директна и своја, нејзината позитивна енергија не може да остане незабележана. Слободно можеме да кажеме дека таа е единствената рокерка во Македонија која непрестајно го докажува нејзиниот музички талент во, но и надвор од границите на нашата земја.

Искрена музичка плејлиста: Што слуша секогаш насмеаната Дани за да добие инспирација?

За тоа сведочат бројните хитови почнувајќи од „Црвени дождови“ кој ѝ донесе учество на доделувањето на наградите на MTV Europe Music Awards. Потоа, таа бележи успеси на MTV Adria и MTV лондонскиот радио канал на чии топ листи се најдоа повеќе нејзини песни. Со тоа, таа стана единствениот македонски изведувач со најголема присутност на овие престижни музички канали. Нејзиниот неоспорен успех на музичката сцена беше обележан и со три Златни бубамари на популарноста, како и со многубројни награди освоени на повеќе македонски фестивали како што се „Макфест“ и „Охридски трубадури“.

Сепак, Дани е повеќе од талентиран музички артист. Таа покрај тоа што ја инспирира публиката со нејзиниот уникатен глас, неретко ја покажува и нејзината хуманост, за која вели дека е „одговорност на секое битие со јавна професија“. Имено, таа ја носи титулата „Амбасадор на светската младинска мрежа“ за нејзините залагања во кампањите Anti-AIDS, а нејзината песна „My Life“ беше прогласена за химна на оваа кампања во Југоисточна Европа. Освен тоа, годинава Дани посвети неколку нејзини концерти и настапи на настраданите од поплавата што ја зафати Македонија и собраните средства ги донираше во хуманитарни цели. Совршена комбинација од голем талент и големо срце!

Искрена музичка плејлиста: Што слуша секогаш насмеаната Дани за да добие инспирација?

Но, музичките способности и хуманоста не се единственото „оружје“ со кое освојува Дани. Искрениот пристап и вистинската љубов кон животот е она по што најмногу ќе ја запаметат нејзините обожаватели. За неа љубовта претставува основен двигател и инспирација. Музиката, пак, е појдовна точка од која тргнува секој животен пат што ќе го одбере за да ја достигне крајната цел – нејзината суштина преку љубовта за сопственото постоење. Истото е опишано и во нејзините најнови песни „Свети“, „Суштина“ и „Слободна песна“ чија зрелост се чувствува преку пораките што ги пренесуваат.

Искрена музичка плејлиста: Што слуша секогаш насмеаната Дани за да добие инспирација?

„Секоја музика што ги пренесува вибрациите на љубовта е вистинска. Искрениот пристап се чувствува. Музиката е љубов… Љубов кон себе и кон другиот. Преку неа се спознавам, се реализирам, зреам, лудувам, уживам, тагувам, учам… живеам“, отворено признава Дани.

Дани со задоволство ни откри кои песни ја инспирирале изминатиов период, а сигурни сме дека и вам ќе ви помогнат да ја пронајдете мотивацијата што ви е потребна за да постигнете личен напредок и развој.

1. Straight Jackin – „Razmišljanja“

2. Detour – „Zaljubila sam se“

3. Rag’n’Bone Man – „Human“

4. Selah Sue – „Raggamuffin“

5. James Bay – „Let It Go“


Тоа беше инспиративната музичка плејлиста на Дани, а ние тука би го додале и нејзиниот сингл „Суштина“. Станува збор за песна со моќна порака, испратена во добро познатиот рокерски стил на оваа пеачка. Песна која говори за индивидуалната потрага по сопствената суштина, но и за нејзино разбирање и прифаќање. Слушнете го најновиот хит на Дани и започнете со потрагата по вашето вистинско „јас“…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар