Интервју со Хипхоплетика

Интервју со ХипхоплетикаГрупа: Хипхоплетика
Основана:
јуни, 2009
Состав:
Тофра, Нож, Драгс, Деки о2, Страчка, Далтон, Мастер Јо, Баже, Крле, Викс (почесен член), Мара (единствениот женски вокал, ама зашто се многу хардкор, уште немаат песна со неа)
Тип музика:
хардкор рап
Издадени албуми:
во подготовка е првиот
___________________________________________________________________________________________
Хипхоплетика е настаната како фузија на повеќе групи и емсија на шакалските клупи во Кисела Вода. Името е кованица од зборовите Хип и Хоплетика (наука за оружјето), а кум е Драгс. Секогаш ја следат странската и домашната сцена, но нивната поента е да извадат нешто свежо, тазе, така што гледаат да не создаваат идоли. Сите рецитираат, а покрај тоа, Баже, Климе и Далтон се продуценти, а Драгс е диџеј. Проби прават најчесто кај некој дома, и тоа обично пред настапи, чисто за загревање. Редовен термин за настап во некој клуб немаат бидејќи, како што велат тие, владее тезгата.

___________________________________________________________________________________________
Интервју со Хипхоплетика

  • Колку песни имате досега? На кои социјални медиуми имате профили?

Хипхоплетика има извадено неколку песни, десетина ако не се лажам. Албум нема… требаше да има, но имавме технички проблеми, па сè уште се работи на него. Инаку, имаме профили на Фејсбук и на Мајспејс и таму обично објавуваме новости. Тоа што до сега го имаме извадено може да се чуе на овие канали, каде што има и постар материјал на секој од членовите.

  • Дали сте настапувале на некои позначајни настани?

Може да се издвојат Хипхопијадата на Бела Ноќ и концертот на Легијата во Охрид како позначајни.

  • Дали паралелно имате и соло кариери или настапи со други групи?

Да, секако. Има соработка со други групи, многу се, нека ни простат што нема да ги спомнеме. Секој си брка соло на страна, башка работи кои не се поврзани директно со рап, прилично активни момци сме.


.
  • Дали сметате дека ќе успеете да се занимавате со рап до крајот на животот и плус добро да заработувате од тоа?

Се надеваме дека ќе има некој денар, но и без него ќе правиме рап, како и до сега.

  • Што би сакале да ви се случи за да бидете задоволни од успехот на Хипхоплетика?

Задоволни сме и со досега постигнатото, но секогаш целиме кон повеќе, на пример самостоен концерт… или греми.


    .
  • Дали би го смениле стилот на музиката, доколку некој познат продуцент во Македонија ви понуди соработка и ви постави ваков услов?

Ова е најраперското прашање. Нема да го смениме стилот, продуценти веќе имаме тројца, одлични се. Не гледам причина да бараме друг. Доколку му се допаѓа на некој нашата музика, отворени сме за соработка, во спротивно може да разговараме за кладилница или нешто друго.

  • Имате ли да споделите некоја интересна случка од настап?

При гостувањето во емисијата Бумбокс на канал 103,  испивме „малу појќе“ и бевме многу безобразни. Копчето за цензура не работеше и згора на сè емисијата траеше два часа повеќе од дозволеното. За жал, после ова емисијата беше забранета.

Интервју со Хипхоплетика

  • Што правите кога не се занимавате со музика?

Кога не правиме рап, и си го ладиме, ние сме тројца вработени, петторица студенти и еден дипломиран машинец во бегство.

  • Како ја гледате „Хипхоплетика“ после 10 години?

И по 10 години – „Лади си го!“


.

  • Дали редовно правите кафе пауза?

Кафе пауза цел ден, секој ден.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар