Фло Рида го освојува Лас Вегас во гламурозниот спот за „How I Feel“

Американскиот рапер Фло Рида пристигнува во „Градот на гревовите“ во неговиот луксузен видеозапис за песната „How I Feel“. Режирано од страна на Шејн Дрејк, ова блескаво видео е снимено во ресортот „Planet Hollywood Casino“ во Лас Вегас, во кое Фло Рида се фали за сето она што го поседува, во придружба на машка екипа и секси девојки.

Фло Рида го освојува Лас Вегас во гламурозниот спот за „How I Feel“

Заразниот ритам, кој е проследен со дел од песната на Нина Симон „Feeling Good“, е соодветно визуелизиран на гламурозната локација, каде што познатиот рапер изгледа мошне елегантно во својот син костим и очилата за сонце, кои му се заштитен знак.

Штета што Кристина Агилера не го придружува и овојпат. Дуото изгледаше одлично заедно, на настапот со оваа песна на музичкиот натпревар „The Voice“. Којзнае, можеби Фло Рида ќе сними уште еден спот со неа.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар