Факти и занимливости за бендот Металика

Факти и занимливости за бендот Металика

По повод 30 години од постоењето на најпознатиот и најуспешниот метал бенд во светот, денеска ќе можете да прочитате неколку интересни факти поврзани со нив. Моментално бендот се состои од четворица членови Џејмс Хетфилд, Ларс Улрих, Кирк Хамет, Роберт Трухиљо, од кои само првите двајца се од самите почетоци. За овие 30 години бендот има постигнато огромни успеси и заслужено се наоѓа на врвот на листата на најуспешни изведувачи на сите времиња.

Факти и занимливости за бендот Металика

1. Во октомври, 1981 година, Џејмс Хетфилд се јавил на оглас оставен од Ларс Улрих на кого му требале луѓе со кои ќе може да состави метал бенд. Така започнала оваа убава приказна.

2. Досега во бендот свиреле 8 луѓе.

3. За 30 години имаат отсвирено 1.724 концерти. Во просек над 57 во година.

4. Во 60 земји низ светот имаат направено концерти.

5. Нивниот албум насловен како „Metalica“ или познат како „The Black Album“ е продаден во 15,62 милиони копии.

6. Најдолгата песна на Металика е „Suicide and Redemption” која трае 9:56 минути.

7. Најкратка песна е „Мotorbreath“ која трае 3:08 минути.

8. Бројот на продадени албуми на Металика го надминува бројот 100 милиони.

9. Тие досега имаат издадено 10 албуми.

10. Најсвирена песна во живо е „Master of Puppets“ (1.256 пати).

11. Надвор од САД, Металика најмногу свиреле во Германија (104 пати).

12. Бендот има освоено 14 греми награди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар