Европски спот за песната „Круг“ на Дон и Андреј од ДНК

Спотот за песната „Круг“ на бизнисменот Дон и Андреј од ДНК, кој е снимен низ Европските метрополи Виена, Париз, Милано и Венеција од денес имаме можност да го гледаме на медиумите. Интересната видео репортажа за нивната заедничка песна „Круг“ е зачинета и со прекрасни кадри од Сани Бич, каде што се појавува и актуелната Мис на Македонија, прекрасната Симона Станковска.



„Спакувавме едно интересно несекојдневно видео со кадри од Виенската Опера, Ајфеловата кула, Миланското Дуомо и плоштадот Св. Марко во Венеција, кои ги посетивме со Андреј и екипата на 2С Продукција којашто го работеше спотот. Се надевам дека спотот, а и самата песна ќе ѝ се допаднат на публиката затоа што носи искрена порака во себе. Почетокот на текстот ја искажува скриената желба на многу луѓе за материјални вредности, но во последните стихови се објаснува дека вистинската вредност не е во парите и славата туку во духовните вредности како љубовта и среќата“ – изјавува Дон.

Комплетниот текст со моќната порака на „Круг“ го напиша самиот Дон, а композиторот Лазар Цветкоски ги направи музиката, аранжманот и продукцијата на песната.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Реалност Reply

    „но во последните стихови се објаснува дека вистинската вредност не е во парите и славата туку во духовните вредности како љубовта и среќата“ – изјавува БИЗНИСМЕНОТ Дон ахахахахаххаха

    Се поставува прашањето, дали со љубов и среќа овој Дон си го плати спотчето низ европските „Виенската Опера, Ајфеловата кула, Миланското Дуомо и плоштадот Св. Марко“ кои така помпезно ги опишува, исто како што помпезно е дефиниран како „биснизмен„ во овој текст.

  2. husky Reply

    tapa spot a uste potapa pesna

  3. bobi Reply

    Mnogu e tesko da nekogo osuduvas bez da go poznavas. DON ili Donco e biznismen i e covek koi odi po zemja a ne leta. Pesnata e super a i spotot e ok. sigurno povece gi gledas kitic i drljaca stom komentiras taka

Остави коментар