Еволуцијата на музиката за Бетмен низ вештите раце на „The Piano Guys“

Веќе сме пишувале за „The Piano Guys“, момците кои со пијано и виолончело прават неверојатно добри преработки на светските музички хитови, а за нив прават и преубави видео спотови. Нивната најнова преработка е колаж од повеќе композиции кои биле употребени како насловни за филмовите за Бетмен. Од добро познатата заразна музика од старата ТВ серија за суперхеројот, па сè до трилогијата на Кристофер Нолан со Кристијан Бејл во главната улога, можеме да ги слушнеме сите мелодии кои досега се појавиле во овие филмови.

Доста труд вложиле и во спотот: со секој преод од еден во друг саундтрак, преоѓаат и во друга ера на филмовите за Бетмен, создавајќи аудиовизуелно делo кое одговара на квалитетот на кој нè навикнале.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар