Девојката која ги расплака судиите на „X Factor Adria“

Тамара Милановиќ живее во Мајур, мало место во близина на Јагодина, Србија. Таа за првпат настапувала на телевизија кога имала само 12 години и вели дека воопшто немала трема и дека и покрај тоа што имало многу луѓе била целосно опуштена додека пеела. Што се однесува до пеењето, Тамара вели дека никогаш не одела на часови. Таа не ни планирала да се пријави на шоуто „X Factor“, но нејзиниот брат, кој ѝ е најголема поддршка бил оној кој ја убедил велејќи ѝ дека има само неколку шанси во животот кои би требало да ги искористи.Девојката која ги расплака судиите на „X Factor Adria“Уште во првите неколку секунди откако таа запеа, очите на судиите и на сите во публиката веднаш се насолзија. Нејзиниот милозвучен глас допре до срцата на сите оние кои ја слушнаа, но она што беше најинтересно е дека додека пееше, таа изгледаше како да е на некое друго место. Погледнете како таа изгледаше на сцената на познатото шоу за таленти.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. ff Reply

    hmm

Остави коментар