Бездомник свири на пијано, присутните трогнати до солзи

Дејвид Велш има 50 години, а бездомник е од својата шеста. Тој не го познава нотниот систем ниту има некакво музичко образование, но со својот музички талент ги расплакал присутните во една продавница за половни инструменти во Ванкувер.

Неговите премрзнати прсти вешто прелетувале низ клавишите додека присутните внимателно ја следеле неговата виртуозна музика.

Бездомник свири на пијано, присутните трогнати до солзи

Вработените во продавницата велат дека тој доаѓа еднаш или двапати месечно секоја година и секојпат ги импресионира присутните, понекогаш и ги доведува до солзи.

Велш вели дека нема контрола над она што го свири. Едноставно музиката го обзема.

„Не знам да свирам, но ми се допаѓа тоа што го слушам во мојата глава“ – вели тој. „Некогаш не знам ни кој клавиш го притискам. Не ги ни отворам очите. Само ја пуштам музиката да свири.“

Велш рано ја открил својата дарба, но имал можност да свири само на позајмени инструменти во разни прифатилишта за бездомници и во продавници. Вели дека музиката му помогнала да се одржи во некои тешки времиња.

„Како да влезе Светиот дух во просторијата“ – изјавил еден купувач во продавницата за музички инструменти. „Тоа е задоволство кое не може да се објасни. Така се чувствував, а и многумина други го почувствуваа истото.“




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар