Артисти кои се во музичката индустрија подолго отколку што мислите

Многу од познатите музичари не почнале како успешни соло изведувачи. Наместо тоа тие ги почнале кариерите пишувајќи песни за други изведувачи или како членови на групи. Погледнете 10 од најпоуларните артисти кои се на музичката сцена подолго отколку што мислите.

1. Сиа

(1)artisti-koi-se-vo-muzichkata-industrija-pogolgo-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mk

Иако Сиа правела музика уште кога имала 17 години, таа почнала да го привлекува вниманието на јавноста во 2005 година, кога нејзината балада „Breathe Me“ се појави во серија на НВО. Дури во 2014 Сиа стана вистинска ѕвезда со хитот „Chandelier“. Песната стана интернационален хит и беше номинирана за Греми награда.

2. Бруно Марс

(2)artisti-koi-se-vo-muzichkata-industrija-pogolgo-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mk

Пред да стане познат артист, Бруно работел како музички продуцент и пишувал песни за Адам Левин, Бренди, Фло Рида, Шон Кингстон… Тој почнал да се пробива откако ја извел песната „Billionaire“ што ја напишал за Тревис Мекој. Својот прв албум го објави во 2010 година.

3. Лана Дел Реј

(3)artisti-koi-se-vo-muzichkata-industrija-pogolgo-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mk

Лана почнала со пишување песни кога имала 18 години и првиот договор го потпишала во 2007 година. Албумот бил издаден во 2008 година, но сето завршило со неуспех. Работите се смениле кога таа прикачила неколку од нејзините песни на Јутјуб и сето останато е историја.

4. Ни-Јо

(4)artisti-koi-se-vo-muzichkata-industrija-pogolgo-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mk

На почетокот тој бил дел од квартет кој се распаднал во 2000 година. Неговата кариера тргнала во нагорна линија дури во 2005 година со хитот „Let Me Love You“. Во 2006 година е издаден неговиот прв албум.

5. Меган Трејнор

(5)artisti-koi-se-vo-muzichkata-industrija-pogolgo-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mk

Иако нам ни е позната по хитот „All About That Bass“, 20-годишната пејачка почнала со правење песни уште кога имала 13 години. На 18 години таа прв пат се потпишала како текстописец. Во 2011 го напишала и сама го објавила нејзиниот прв албум, „I’ll Sing With You“.

6. Џеси Џеј

(6)artisti-koi-se-vo-muzichkata-industrija-pogolgo-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mk

Пејачката била дел од музичката индустрија долго пред објавувањето на нејзиниот прв албум во 2011. Таа била текстописец за ѕвездите како Крис Браун и Мајли Сајрус. Таа исто така била и членка на женски бенд кој го напуштила за да ја изгради соло кариерата.

7. Рајан Тедер

(7)artisti-koi-se-vo-muzichkata-industrija-pogolgo-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mk

Фронтменот на One Republic има долга независна кариера како текстописец и продуцент, и тоа на ѕвезди како Џенфиер Лопез, Адел и Бијонсе. Тој учествувал во натпревар за текстописци и победил. Една година подоцна тој се здружува со Тимбаленд, и оттогаш е главниот вокал на бендот.

8. Кеша

(8)artisti-koi-se-vo-muzichkata-industrija-pogolgo-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mk

Оваа ѕвезда била вклучена во музичката индустрија уште кога имала 18 години. Покрај тоа што пишувала текстови и песни за други артисти, почнала да се појавува како придружен вокал. Конечно, во 2009 година ѝ го привлекува вниманието на јавноста откако се појавува во хитот „Right Round“. Првиот албум го издава во 2010 година.

9. Канје Вест

Times Square Goes (Red) with a Surprise World AIDS Day Concert

Канје ја почнал својата кариера кога имал 19 години, и тоа како продуцент. Неговиот успех го доживува дури во 2000 година кога добил големо признание за работењето на албумот на Џеј Зи, „The Blue-Print“. Првиот албум го издава во 2004 година.

10. Лејди Гага

(10)artisti-koi-se-vo-muzichkata-industrija-pogolgo-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mk

Откако се откажала од факултетот, пејачката формирала рок бенд со некои пријатели. Кога успеала да потпише договор, таа пишувала песни за Бритни Спирс, Ферги и Pussycat Dolls. Во меѓувреме работела на својот прв албум кој беше издаден во 2008 и доста добро прифатен во целиот свет.

Слушнете ги и овие популарни песни кои ќе ве вратат во 90-тите.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар