Ајпад + ајфон = укулеле

Укулеле е хавајски жичен инструмент, кој наликува на мала гитара. Но во овој случај станува збор за футулеле, односно инструмент создаден со спојување на два гаџета на Епл, ајпад и ајфон. На ајфонот се дефинираат акордите, додека ајпадот служи за „дрндање“.Ајпад + ајфон = укулелеОва видеo е направено за претставување на апликација за iOS, на која ќе може да се свири како на укулеле. Иако за да ја користите апликацијата доволен ќе ви биде само ајпад, сепак со помош на држачот во форма на укулеле, двата гаџета се прицврстуваат и се поврзуваат со блутут, со што се добива интересен инструмент. Оваа апликација е дело на создавачите на „OMGuitar“, најпопуларната апликација за свирење на гитара.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар