15 музички хитови што ќе ве вратат во лето 2007 година

Ви се верува ли дека поминале 10 години од излегувањето на првиот мега хит на Ријана „Umbrella“? Сигурно во моментов се чувствувате многу стари и се прашувате каде ви летнале годините, но кога ќе ви помине меланхолијата, заскокоткајте го вашето сеќавање и вратете се во лето 2007 година. Сигурни сме дека во тоа време вашата музичка плејлиста се состоела од следниве 15 песни…

15 музички хитови што ќе ве вратат во лето 2007 година

1. Rihanna feat. Jay Z – „Umbrella“

Ријана беше иста како и сите други пеачки во тој период, кога одеднаш се појави „Umbrella“ и добрата девојка стана лоша. Сигурно сте ја слушале песнава по цели денови викајќи „Ела, ела, ела…“ на цел глас.

2. Fergie – „Fergalicious“

Деби албумот на Ферги „The Dutchess“ излезе на крајот од 2006 година и завладеа во 2007. Ова можеби е најзаразната песна што некогаш постоела!

3. Beyoncé – „Irreplaceable“

Сигурно си пеевте „To the left, to the left“ по раскинувањето со првиот дечко. Оваа песна беше химна на сите женски скршени срца од крајот на 2006 година, преку цело лето во 2007, па сѐ до денес.

4. Avril Lavigne – „Girlfriend“

Ова дефинитвно беше омилената песна на сите женски друштва.

5. Soulja Boy Tell’em – „Crank That (Soulja Boy)“

Колку време го учевте танцот на Соулџа Бој? Ова беше почетокот на сите глупави танци кои потоа се појавија. Сите се обидуваа да ја научат оваа кореографија за да бидат главни ѕвезди на сите забави.

6. Kanye West – „Stronger“

Сигурно сакавте да имате очила како на Канје Вест во спотот!

7. Sean Kingston – „Beautiful Girls“

Шон Кингстон го означи почетокот на летото 2007 година. Текстот на песната е прилично проблематичен, но и покрај тоа не можевме да ја извадиме заразната мелодија од глава.

Продолжете на следната страница за да се потсетите и на останатите 8 песни…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар