10 преработки на песни што се подобри од оригиналот

Автор: Ивана Грујоска

Откако постои музиката, создавањето и снимањето песни, луѓето се занимаваат со нивна преработка и реинтерпретирање. Голем број преработени песни се забораваат, но постојат и такви кои се толку успешни што го фрлаат во сенка оригиналниот материјал. Следува листа која е составена од некои од оние исклучително добри преработки, кои на различни начини ги засенија нивните претходници.10 преработки на песни што се подобри од оригиналот

1. „Twist And Shout“ во изведба на Битлси

Одамна пред „Twist And Shout“ да се појави во филмот „Слободниот ден на Ферис Буелер“ (Ferris Bueller’s Day Off), пред да ја прослават Битлси во 1963 година, беше снимена од бенд со име The Top Notes. Битлси ја зедоа песната и ја направија хит. Можеби The Top Notes имале добри намери, меѓутоа нивната верзија звучи малку безживотно, додека неверојатната четворка од Ливерпул понуди разиграна мелодија, која поттикнува на танцување и не може да го изгуби својот сјај. Слушнете го оригиналот.


.

2. „Nothing Compares To You“ во изведба на Шинед О’Конор

Многумина ја поврзуваат оваа балада со Шинед О’Конор и само со нејзе. „Nothing Compares To You“, хитот што во 1990-та ја проби O’ Конор, е всушност песна напишана од Принц (Prince) во 1985 година, снимена од група со име „The Family“ и се наоѓа на нивниот еден и единствен истоимен албум. Нивната верзија на песната никогаш не излегла како сингл и поминала многу незабележана. За среќа, се појави О’Конор и преку нејзиниот успех му го претстави на светот ова неверојатно парче уметност. И самиот Принц ја изведе песната во живо во шоуто на Елен Деџенерис во 2004 година, но неговиот перформанс по незаменливата изведба на О’Конор, звучеше како лоша, дневна џез верзија. Едноставно речено, Шинед О’Конор ја направи оваа песна само своја и ничија друга.


.

3. „Over The Rainbow“ во изведба на Израел Камакавиво’оле

Израел можеби не го поседува моќниот вокал на Џуди Гарланд, ниту пак главната улога во филмот за кој беше напишана оваа песна, но неговата верзија на „Over The Rainbow“ ја има предноста да биде свечена и возвишена. Прекрасниот оригинал на Гарланд пак, има некоја нишка на меланхолија која едноставно не може да се најде во верзијата на Израил. Дополнително, покрај оваа мелодија од 1993-та, истиот изведувач ја потсети публиката на уште една убава песна од ’68, „What A Wonderful World“.

Свирењето на укулеле (хавајска гитара) стана исклучително популарно последниве години. Звукот од оваа гитара неколкупати се слушна на Билборд топ листите, беше дел од многу реклами, телевизиски емисии и филмови вклучувајќи ги и „50 први состаноци“ (50 First Dates) и „Итна служба“ (ER). И двете верзии од песната се прекрасни и вредат да им се восхитувате, онака како што му се восхитувате на појавувањето на дуплото виножито на небото.


.

4. „Lady Marmalade“ во изведба на Кристина Агилера, Л’ил Ким, Пинк и Миjа

Оваа женска заведувачка химна првично ја прослави ЛаБел (LaBelle) во 1974 година, меѓутоа доби вистински третман на дива во 2001 година кога беше повторно снимена за филмот „Мулен Руж“ (Moulin Rouge) на Баз Лурман. Кристина Агилера, Л’ил Ким, Пинк и Миjа ги позајмија своите вокални способности на преработката продуцирана од Миси Елиот, која го изведе почетокот и крајот на темата.

Преработката на „Lady Marmalade“ беше втора песна во историјата на Билборд-музичката листа (Billboard chart) која стигна до првото место според слушаност, без претходно да биде објавена во комерцијален формат, или со други зборови, без да биде издадена на цеде-албум или како сингл-цеде. Видеоспотот ја зеде наградата за видео на годината на Видео музичките награди на МТВ (MTV Video Music Awards).


.

5. „Sweet Dreams“ во изведба на Мерилин Менсон

Јуритмикс (The Eurythmics) и Мерилин Менсон се разликуваат еден од друг во однос на жанрот. Меѓутоа, верзијата на Менсон ја зграпчува границата на агресивната природа на Ленокс и нејзината двополова појава во оригиналниот музички спот. Водејќи се по својот препознатлив стил, Менсон ги помести границите на оваа песна подалеку отколку што ги поставија Јуритмикс со нивната верзија и со тоа постигна оваа преработка да биде еден од неговите најголеми мејнстрим хитови.

Менсон ја продуцираше својата верзија заедно со Трент Резнор, кој сигурно бил шокиран, како и многу други, кога открил дека оваа преработка била употребена на турнејата Циркус (The Circus) на Бритни Спирс во 2009 година. Двете верзии делат сличен дух, но Менсон е далеку позабавен со неговата верзија (многу е потешко да се игра на оваа) која е доста соодветна да ја згрмите кога возите по автопат.


.

6. „The Man Who Sold The World“ во изведба на Нирвана

Преработката на Нирвана на песна од Дејвид Боуви првично може да изгледа несоодветно, но сепак и двете дела се револуционерни и токму тоа прави оваа врска да има смисла. Различни написи ги цитираат зборовите на Боуви:

„После неколку мои изведби на таа песна, неколку деца ми пријдоа и ми рекоа, кул е што изведуваш песни од Нирвана, а јас само си помислив, носете се мали никаквеци“.

Исто така, беше цитиран како го вели следново за преработката:

„Бев едноставно воодушевен кога открив дека мојата работа му се допаѓа на Курт Кобејн и отсекогаш сум сакал да разговарам со него за причините поради кои ја преработи „The Man Who Sold The World“. Тоа беше јасен препев и некако звучеше многу искрено. Ќе беше убаво да имамве нешто сработено заедно, но и еден разговор ќе беше доволен“.

Тешко е да се каже дали овие изјави се точни од збор до збор, но едно е сигурно „The Man Who Sold The World“ е редок препев кој лесно можел да го создаде кој било од нив двајцата.


.

7. „Baby One More Time“ во изведба на Bowling For Soup

Во 2005 година, Bowling For Soup ја препеаја песната со која се проби Бритни Спирс во 1999 година, за саундтракот на филмот „Лудиот петок“(Freaky Friday) од 2003 година. Оставајќи ја зад себе лесно сварливата поп мелодија на Бритни, нивниот препев доби епитет на мрачна и гневна рок песна. Иако има простор да се каже нешто и за носталгијата кон стариот звук на поп хичето од Бритни, сепак верзијата на оваа група, ја направи песната далеку потрајна и подрага.


.

8. „Hurt“ во изведба на Џони Кеш

Помалку од една година пред неговата смрт во 2003-та, Џони Кеш се позанимава со мрачната мелодија на Nine Inch Nails, „Hurt“. Песната и придружниот спот добија многу признанија, а таа остана како негово последно писмо до светот и неговите фанови. Песната му беше предложена на Кеш од страна на продуцентот Рик Рубин, исто така пријател со Трент Резнор. Додека Резнор влева чувство на самопрезир со својот вокал, песната станува помоќна со изведбата на Кеш, во која можат да се прочитаат интензивни чувства на гнев и тага.


.

9. „Blinded By The Light“ во изведба на Manfred Mann’s Earth Band

Ако некогаш воопшто имало песна која го покажува феноменот „преработките што никој не знае дека се преработки“, тоа веројатно е оваа.  Кога Брус Спрингстин ја сними и ја издаде „Blinded By The Light“ на својот деби албум во 1973 година, таа остана многу незабележана. Кога Manfred Mann’s Earth Band ја снимија песната во 1977, таа стана сензација. Преземената песна на Mанфред Мен сè уште добива прилично добра застапеност на одредени радио станици и со право беше хит број еден.


.

10. „Hallelujah“ во изведба на Џеф Бакли

Прекрасниот, речиси ангелски глас на Џеф Бакли е комплетна спротивност на рапавиот, зарипнат глас на Леонард Коен. Иако двете верзии се фасцинантни на свој начин, верзијата на Бакли преминува во нешто поголемо. За жал, Бакли не доживеа да го види успехот на музичките листи на она што остана како негов личен потпис.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Тошо Reply

    прво место, michael bolton – when a man loves a woman!

  2. darkovski Reply

    Bravo!!! imam malku zabeleski… ali kako i da e Odlicna tema za razgovor koga stanuva zbor muzika :)

  3. Мила Reply

    Даааааа, браво за изборот! И се согласувам потполно :-)

  4. MARS! Reply

    Message In A Bottle,оригинално изведена од Police,а преработена од мојот најомилен бенд,30 Seconds To Mars!

  5. li Reply

    Mnogu ja sakam poslednata pesna :)

  6. Demonic Reply

    Sweet dreams исто така има уште еден кавер од актерката/пејачката Emily Browning. Оваа верзија ме потсетува на creepy lullaby.

    Ретко се дешава каверот да е полош од оригиналот…пошто најчесто каверите се во тотално различен жарн од оригиналите, па така…освен што имаат заеднички текст и мелодија…немаат скоро ништо друго слично. Затоа е и тешко да се споредуваат вакви ствари.

    Она што мене ме фасцинираше како Најн Инч Нејлс фан, е што малкумина знаеја дека Hurt оригинално не е на Џони Кеш. Прилично е невообичаено постар артист да превзеде нешто од некој помлад од себе, па од таму и целата збунка. По преработката на Џони, Трент излезе со став…„Тоа повеќе не е моја песна, тоа е песна на Џони“. Само се покажа колку почитување имаат и двајцата – Џони, со преработката, за некој помлад од себе, а Трент, како несебично и племенито суштество.

    Иначе…од последните кавери, морам да ги пофалам Линкин Парк со Rolling in the deep. Ја дадоа онаа бавна, емотивна нишка која и беше потребна на песната.

  7. -A Reply

    ayo tehnology milow e podobra isto taka od orginalnata verzija 😀

  8. D Reply

    Feeling good od Muse e proglasena za najdobar cover na site vreminja. Trebase da stoi i tuka :)

Остави коментар