Вистинската страна на опсесивно-компулсивното нарушување

Опсесивно-компулсивното нарушување е болест која се карактеризира со дејствија кои се повторуваат – т.е. луѓето кои патат мора да повторуваат одредени нивни постапки. Опсесивно-компулсивното нарушување не е шега. Тоа е сериозна ментална болест која го попречува секојдневниот живот. Некои луѓе велат дека го имаат ова нарушување кога сакаат да кажат дека се многу уредни или организирани, но оние со ваква дијагноза знаат колку е проблематична оваа болест. Затоа BuzzFeed користејќи анонимни постови од Whisper – апликација за тајно споделување пораки, направиле видео во кое ја објаснуваат вистинската страна на ова нарушување.