Таткото им соопштува на децата дека очекуваат близначиња. Реакциите се неодоливи

Во ова интересно видео родителите им соопштуваат на трите деца дека мајка им е бремена и носи близначиња. Не е првпат да видиме деца да се расплачуваат при вакво соопштение, но кој би рекол дека проблемот за најстариот син е што не знае како ќе ги разликува. Додека тој паѓа во очај поради ова, другиот упорно верува дека на сликата од ехо се прикажани ноздрите на мајка му, додека третиот е едноставно среќен и задоволен. 🙂 Неодоливо трио! Какви ли ќе бидат кога ќе станат 5?