Случајни минувачи кажуваат непријатни изјави на мегафон

Станува збор за забавен пренк каде што една група пријатели решиле да си поиграат со случајните минувачи така што ќе ги замолат да тестираат мегафон кој всушност не е вклучен. Додека тие ги изговараат своите зборови за тестот, друга личност говори во нивно име, кажувајќи најразлични непријатни изјави кои потоа сите наоколу можат да ги чујат. Едноставно нема да можете да не се насмеете…