Што значи да се биде жена во Египет?

Прашање до сите девојки и жени: како се чувствувате кога некој ве гледа на улица, ви дофрлува зборови или ви свирка? Ова видео кое можеби ќе ве вознемири и ќе ве направи да се чувствувате како сите овие морничави погледи да се вперени во вас, е дел од кампањата за подигнување на свеста за сексзимот секаде, особено во неразвиените земји каде нееднаквоста на половите е многу истакната. Видеото е дел од документарец на кој работи Тина Ван Лун, насловен како The People’s Girls, кој се очекува да излезе во јануари, 2015. Во меѓувреме достапни се и други видеа кои ќе бидат дел од документарниот филм, и најчесто содржат интервјуа со жени кои биле сведоци на сексуално малтретирање. Овој и слични проекти како #YesAllWomen,имаат за цел да ја поттикнат свеста и да го свртат вниманието на јавноста кон сексуалното малтретирање, сексизмот, неправедноста и нееднаквоста, сè уште присутни во модерното време.