Што се случува со вашето тело кога чувствувате одредени емоции?

Знаете како, кога чувствуваме некоја силна емоција, можеме и физички да ја почувствуваме? Чувството на пропаѓање на утробата, чувството на наплив од среќа се само некои од физичките чувства кои ги проследуваат емоциите.

Истражувачите од Финска ги мапирале физичките манифестации на емоциите и резултатите ги прикажале со обојување на деловите од телото. Така, светлите бои упатуваат на посилна, a постудените бои на послаба физичка сензација. Забележете, кога сме среќни, тоа го чувствуваме на целото тело.