Реклама за пиво која ја буди свеста за последиците од несовесното пиење

Оваа реклама ќе ве натера да пуштите по некоја солза. Кучето, рекле, е најверен пријател на човекот, но, ова слатко кученце залудно го чека својот стопан кој една вечер одлучил да претера со пиење. Оваа кратка и моќна реклама ќе ве натера да размислите два пати пред да седнете зад волан во пијана состојба.