Прекрасна реклама за костими за капење без употреба на Фотошоп!

Во последно време, моделите со облини успеваат сѐ повеќе и повеќе да се пробијат во модниот свет. Но, без разлика на нивниот напредок, нивните фотографии скоро секогаш се преработувани во Фотошоп – ги тргаат целулитот и влакната од телото и сл. Затоа компанијата „Swimsuits For All“ одлучила да направи една поинаква кампања заедно со моделот Дениз Бидо. Таа по ова искуство изјавила:

„Мислам дека сите некогаш се имаат почувствувано неудобно во костим за капење на јавно место. Но, важно е да се знае и да се прифати дека сите не изгледаме исто и дека сме создадени токму такви какви што треба да бидеме. Нашата индивидуалност нè прави нас – нас. Толку долго луѓето веруваа дека убавината е нешто што може да се стави во некакви рамки, но конечно се оддалечуваме од тие сфаќања.“