Погледнете го овој нервозен ракун како се обидува и успева да го спаси својот брат од базен

Гледајќи го видеово не можеме да не помислиме дека овој ракун се обидува да му даде до знаење на својот брат дека базенот е опасно место и дека треба да се тргне од таму додека сè уште може. Додека едниот ужива во пливањето, другиот внимателно набљудува и чека шанса да го зграпчи својот брат и да го извлече на безбедност…