Парови си ја заменуваат облеката и потоа го имитираат партнерот во најинтимните моменти

Колку подолго сте со некој, толку повеќе почнувате да наликувате еден на друг. Но, ова секако не важи кога станува збор за облекувањето. Како би се чувствувале кога би требало да ја замените облеката со вашиот партнер? Непријатно, чудно? Овие откачени парови прифатиле да го направат тоа пред камера за новото видео на „Complex“, но покрај тоа што за мажите остануваат несфатливи хеланките за вежбање јога и здолништата кои постојано прават провев, ова не е најинтересниот дел од видеото. Можеби е премногу, но заслужуваат признание за храброста. Дали вие би застанале пред камера да го имитирате доживувањето на сексуалниот врв на вашиот партнер? М?