Пародија од сечкањето кромид на Џејми Оливер од која ќе ви потечат солзи

Дечките од Јутјуб каналот Yes It’s Funny одлучиле да си поиграат со триковите за сечење кромид на Џејми Оливер и да направат ново видео во кое изгледа како тој да дава многу смешни и бесмислени совети. Видеото на некој начин им се потсмева на сите оние туторијали кои излегуваат во последно време благодарение на кои демек ќе станеме подобри во кујната. Најдоброто од сè е што и самиот Џејми искоментирал под обработеното видео признавајќи дека момците завршиле добра работа во софтверот за видео обработка.