Овој татко го снимал својот одмор со GoPro камера, без да знае дека е насочена на погрешната страна

Што е подобро од влог? Случаен влог! Џозеф Грифин од Ирска, неодамна го документирал своето патување во Лас Вегас со GoPro камера која во текот на целиот одмор била насочена на спротивната страна без тој да знае.

„Па, му ја дадов мојата GoPro камера на татко ми, но не му дадов инструкции како се користи“, вели неговиот син Еван. „Затоа тој воопшто и не ни знаел на која страна треба да ја насочи камерата.“

Станува збор за урнебесна грешка поради која цел интернет не може да престане да се смее. Изгледа навистина тоа што се случува во Вегас, останува во Вегас!