Овие близначиња се допираат и гушкаат како да се сѐ уште во мајчината утроба

Кога Соња Рошел го направила видеото пред околу една година, сакала само да демонстрира нов метод на спа-капење на новороденчиња со топла вода, но неочекувано „фатила“ нешто неверојатно на својата снимка – овие близначиња постојано се држеле меѓусебно како сѐ уште да се во утробата. Според едно истражување од 2010, близнаците формираат социјални врски уште пред да се родат – всушност првата личност која тие ја среќаваат е нивниот близнак. Исто така, според друг извор, фетусите почнуваат да посегаат по својот „сосед“ уште во 14-тата недела од бременоста. Извонредно, нели!?