Оваа девојка се снимала како пее, но нејзиниот помал брат е оној кој го украл шоуто

Додека во тоалетот се снимала како ја пее песната „Lost Without U“ од Робин Тик, нејзиниот помлад брат решил да ѝ се придружи во перформансот без таа да знае. Но, тој не пее, туку танцува во туш кабината. Мора да признаеме дека тој навистина го чувствува ритамот и совршено го преточува во движења она што неговата сестра го пее.