Ова слатко бебе поминува низ егзистенцијална криза

Џејсон Силва, обидувајќи се да му објасни нешто повеќе за постоењето на ова слатко бебе, му предизвикал чувство на вчудовиденост и збунетост. Тој детално му ја објаснува неговата смисла, поврзувајќи ја со универзумот, а слаткото збунето бебе го гледа возбудено, следејќи го секој негов збор. Едноставно не можете да не се насмеете и да не помислите што точно се врти во умот на ова бебе!