Новата реклама за Кока-кола потврдува дека смеењето е заразно

Го знаете она чувство кога седите со група пријатели, некој кажува или прави нешто, што на друг му е смешно, па почнува заразно да се смее и за миг сите неконтролирано се смеете, притоа не знаејќи ни зошто? Тоа се случува бидејќи смеењето е навистина заразно, а како што ни порачува оваа кампања – доволна е само една насмевка за да почувствувате среќа, која може сосема да ви го промени денот.

Зад креативната кампања стои маркетинг агенцијата Gonzalez кои за целите на рекламата пуштиле еден среќен патник во воз, кој изгледа како да не може да го сопре кикотењето, кое сè повеќе и повеќе прераснува во неконтролирано гласно смеење. Можете да претпоставите што се случува со сите останати патници, но ние ве предизвикуваме да погледнете и сами.

Дали ова смеење го промени вашиот ден?