Нова кампања на „Dove“: Сакајте ја својата кадрава коса

Само едно од 4 девојчиња со виткана коса мислат дека нивната коса е убава. Базирана на оваа статистика, новата кампања на „Dove“ – „Сакајте ги своите кадрици“ ја менува перспективата на девојчињата во врска со нивната коса. Тие разговарале со повеќе девојчиња со кадрави коси на различна возраст и од различно потекло после што дошле до сознание дека работите не се добри. „Чувството не е баш добро кога имаш кадрава коса“, вели едно од девојчињата. „Од чувството станувам тажна“, вели друго.

За да им помогнат на девојчињата да бидат посамоуверени во врска со нивниот „кадрав изглед“, „Dove“ побарале од нивните мајки и тие да си ги навиткаат косите. Потоа, уште едно изненадување: сите нивни пријатели и роднини заедно танцуваат и пеат додека нивните кадрици летаат низ воздухот. Девојчињата имаат тенденција да ја сакаат својата кадрава коса 7 пати повеќе доколку тоа им се допаѓа и на луѓето околу нив. Колку убава и позитивна порака на „Dove“.