Модната индустрија ја нарекува оваа слаба девојка преголема за да биде модел

Откако Кара Делавињ објави дека ќе ја напушти модната индустрија поради нереалистичните стандарди за убавина, шведскиот модел Агнес Хеденгард објавила видео на Јутјуб со наслов „Преголема за индустријата“, покажувајќи ни каков вид тело агенциите сметаат дека е преголемо.

Агнес вели дека нејзиниот индекс на телесна тежина е 17,5 – многу пониско од она што се смета за здраво. Според докторите, најнискиот здрав индекс на телесна тежина е 19. Токму затоа и таа решила по 5 години работење да се откаже од оваа кариера.

„Бев во контакт со многу агенции и клиенти кои навистина сакаа да работат со мене, но откако ќе ме измерат приказната целосно се менува. Тие велат: ‘Не, таа е преголема. Таа мора да ја подобри својата форма. Ние не сакаме да работиме со неа. Вау, таа е, вау не, таа е… премногу голема.’“

Оваа долгонога убавица ги нарекува овие стандарди апсурдни и искрено, ние се согласуваме со неа.