Малечки девојчиња во оригинално видео ги искажуваат своите ставови за феминизмот

Група од малечки девојчиња пцујат како кочијаши за да ја рашират нивната феминистичка порака. Во видеото се расфрлаат со остри зборови со цел да покажат дека општеството е повознемирено поради тоа што малечки девојчиња пцујат отколку поради фактот што истите тие девојчиња се соочуваат со можност да бидат сексуално навредени во текот на нивниот живот или дека ќе заработуваат 23% помалку од нивните машки колеги, работејќи ја сосем истата работа.

Во видеото се појавува и момче кое носи фустан на принцеза, појаснувајќи дека зборовите „се однесуваш како девојче“ луѓето ги сметаат за навреда.

Жалосно е што овие мали девојчиња (и момче), се посвесни за оваа ситуација од возрасните. Видеото мора да го погледнете!