Мајката го учи синчето да каже „мама“, но кучето има нешто да каже во врска со тоа

Моментите кога го учите вашето бебе да лази, да оди и да зборува се едни од најбесценетите во животот. Кога имате и куче дома, работите стануваат поинтересни. Родителите го насочуваат целото внимание кон своето дете, што кај кучето може да создаде чувство на љубомора и компетитивност. Ова видео е совршен пример за тоа.

Додека мајката го учи своето синче да каже „мама“ упатувајќи му ја истовремено виљушката со храна, изгледа дека кучето има да каже повеќе од детенцето. Малиот очигледно сфаќа што се случува, па се обидува да ја „замолчи“ конкуренцијата. Сè на сè, урнебесни реакции од двете страни во помалку од половина минута. 🙂