Комедијант кој пелтечи ги освои срцата на судиите и публиката

Дру Линч бил спортист кој по повреда на грлото почнал да пелтечи. Со цел да се справи со оваа ситуација, тој бил охрабрен од страна на неговата девојка да почне да зборува пред публика. Токму затоа тој почнал да се занимава со комедија и чекор по чекор, да ги освојува срцата на сите кои ќе ги сретне. Тој е вистинско освежување на сцената и ни покажува дека ништо не е недостижно доколку навистина го сакаме тоа!