Која ви се допаѓа најмногу? Хит машки фризури од последниве 100 години

Можеби од денешна перспектива фенираните фризури од 50-тите ни се чинат премногу смешни, а оние од 90-тите премногу кул, сепак не знаеме што ќе мислиме за актуелната пунџа за, на пример, 30 години од сега. Последното видео од едицијата „100 години убавина“ е посветено на машките фризури од изминатиов век и мораме да признаеме дека изминативе години настанале некои сериозни промени во стилот на носење на косата кај мажите.