Ќе се изнасмеете: Ова девојче не знае како да спушти жичен телефон

Додека ова семејство било сместено во хотел, нивната ќерка Лајла налетала на античка технологија со која никогаш претходно немала допир – жичен телефон. Збунета од оваа направа, Лајла не знаела што да прави кога нејзиниот татко едноставно ѝ рекол да го спушти телефонот. На него немало монитор, ниту црвено копче, па кутрата Лајла се изгубила. За среќа нејзината мајка била во близина, па ѝ помогнала да се справи со ова бескорисно парче технологија.