Како да фатиш дечко во кафуле?

Ако очекувавте инструкции, ова не е таков пост. Се работи за креативна реклама на едно кафуле, кое ги охрабрува дамите да им пристапуваат на момците кои им се допаѓаат со парче торта.

Еве ги нивните „инструкции“:
  • Дојди во нашето кафуле и купи торта.
  • Однеси му ја на симпатијата и кажи му: „Ако ти се допадне, треба да бидеме заедно.“
  • Тортите кај нас се превкусни, така што би требало да успее.
  • Ако ве одбие, ве молиме дојдете повторно и ќе ви дадеме шолја топло кафе без пари за да му ја истурите во лице.