Испуштил една буква во своето CV и почнал да добива понуди за работа

Хозе Замора (José Zamora) се обидувал да најде работа со месеци, секојдневно испраќајќи од 50 до 100 апликации. Но бидејќи не добивал одговори, еден ден решил да испушти една буква во своето име и за неколку дена, неговото имејл сандаче почнало да се полни. Хозе станал Џо (José –> Joe) и проблемот бил решен.