Интерпретација на Елвис Присли во бебешко издание

Малата Американка Ела Мае ќе ве освои со нејзиниот настап од задното седиште во автомобилот додека се вози со нејзиниот татко. Таа толку се возбудува од песната „An America Trilogy“ од Елвис Присли, која татко ѝ ја пушта за време на возењето, што во еден момент ја запева, на свој бебешки начин. Гримасите и се толку сериозни, како да е некоја оперска пејачка во зрели години, а чувството за ритам кој го следи со раката ѝ е неверојатно прецизен. Видеото е ултра хит.