Идеалното тело на жената низ историјата. Во која ера се пронаоѓате вие?

Сосема е лудо тоа што повеќето жени се принудени да се стремат кон онаа „совршена“ фигура од телевизијата и магазините која сугерира рамни стомаци, окрукол задник и простор помеѓу бутовите. Уште полудо е тоа што неколку векови наназад овие жени кои го претставуваат денешниот стандард за убавина, тогаш веројатно би останале незабележани.

Тоа многу добро ни е прикажано во видеото од Базфид, каде имаме можност да видиме модели кои ги репрезентираат убавите жени од Антички Египет па сè до модерно доба.

Колку само убавината се има променето низ историјата?

Па следниот пат кога ќе прочитате или слушнете „како треба да изгледате за да имате совршена фигура“, сетете се дека и тоа, како и многу други нешта, е минлива работа.

Чувството на удобност во сопствената кожа е единствениот тип убавина кој СЕКОГАШ ќе биде во мода.