Две бебиња близначиња не можат да престанат да се смешкаат

Растењето со брат или сестра е како да ви подариле најдобар пријател со кого ја имате привилегијата да живеете заедно. Како помали заедно си играте, додека растете ги оговарате родителите, а кога сите тие фази ќе ги надраснете, станувате вистински блиски и почнувате да си споделувате облека, други лични ствари, но и совети. Во целиот тој процес има и здрав натпреварувачки дух. Вистинско богатство, нели?

Кај близнаците таа врска е уште посилна, а очигледно способноста за длабока конверзација може да постои уште од многу мала возраст. Доказ за тоа се овие две слатки бебенца кои изгледа како да водат многу интересен дијалог. Штом едното се насмее, тоа е доволно за смеата да продолжи да се разлева. Па потоа другото е на ред. И така до бескрај. Баш би сакале да знаеме што е симболиката зад тие слатки изливи на среќа. 🙂

Ако не ви беше доволно топење, погледнете уште еден пар неодоливи близначиња. 🙂