Детска чесност: Како реагираат деца кога ќе видат паднат паричник на земја?

Во еден неодамна спроведен експеримент, деца намерно биле изложени на ситуација во која на непознат човек случајно му паѓа паричникот. Тие најпрво изгледаат збунети и не знаат што да направат, но потоа се охрабруваат и го прават она што секоја чиста детска душа би го направила. Овој експеримент со повеќемина слатки учесници уште еднаш ни покажува дека човекот во својата природа е чист и нерасипан. Она што стануваме потоа е последица на влијанијата од околината и ситуациите кои ги носи животот.